15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ за акцијата на ОЈО: Државата изгради институции и систем коишто се борат против корупција, сите се еднакви пред законите

За СДСМ актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција, велат од СДСМ.

– Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.

Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има.

СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја.

Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновски: Со Упатството за радиодифузерите е пресликана одредбата од Изборниот законик

ДЕСК

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче

ДЕСК

ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН СО ЗНАЧИТЕЛНИ ПРОМЕНИ НА ВРЕМЕТО: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.