23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија на Centar.mk. Секое копирање подлежни на кривична одговорност согласно Законот за авторски права.
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Ова го немаше во време на режимот: Струјата остана непроменета, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра

Концептот на Владата предводена од СДСМ за враќање пари кај граѓаните е базиран на реални и остварливи мерки кои даваат резултат, соопшти СДСМ.

„Реформите во енергетиката даваат резултат. Цената на струјата останува непроменета 2 години, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра.

Ја вративме евтината тарифа на струјата која донесе до 11 милиони евра годишно заштеда кај граѓаните.

За споредба на пример, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога Христијан Хидро Мицкоски му беше советник за енергетика на Никола Груевски, цената на струјата поскапе за 100% а евтината тарифа беше укината.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години грабаше пари од граѓаните, СДСМ враќа пари назад кај граѓаните. Зборот важи!“ се наведува во партиското соопштение.