23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

На лошото време му нема крај: Синоптичарите со најави за невреме и во следните денови

Денеска времето ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со локален дожд претежно на југот и истокот. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 29 степени.

И во следните денови продолжува променливото и посвежо време. Најоблачно и најсвежо ќе биде во вторник, кога во западните и јужните делови од земјава ќе има и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи. Потоа дневната температура ќе биде во пораст, а кон крајот на неделата во попладневните часови повторно ќе има локални врнежи и грмежи.

Прогноза за 16.07.2019
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 18°С до 26°C
Претежно облачно, свежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава. УВ=5

Прогноза за 17.07.2019
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 23°C до 31°C
Сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. УВ=7

Прогноза за 18.07.2019
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 24°C до 32°C
Променливо облачно со сончеви периоди. УВ=8