23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стојаноски: Градоначалникот на Ѓорче Петров ќе гради зграда среде парк

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, ќе гради зграда сред парк, а за таа цел ќе бидат пресечени неколку дрва. Дел од земјиштето каде ќе се гради паркот е во сопственост на татко му на Наумовски, обвини Бојан Стојаноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

„Наумоски даде дозвола да се гради станбената зграда и деловни објекти и покрај противењето на жителите. Наумоски тврдеше дека не издал маркица за градба и дека од паркот нема да се одземе ниту милиметар, а ситуацијата е сосема друга, не милиметар, одземени се десетици метри. Покрај јавната површина, која до сега беше парк, планирано е да се гради и на дел од приватен имот, каде сопствен имот има и таткото на Наумоски – Бранко“, рече Стојаноски.

Тој прашува дали зеленилото треба да биде жртва за парите на Наумоски, дали уништувањето на паркот и зеленилото е заради остварување материјална корист за Наумоски и неговата фамилија и колкав е надоместот кој ќе го земе Наумоски за неговиот имот врз кој ќе се гради.