27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Антизападниот Мицкоски е фрустриран поради тоа што претседателот Заев ги брани државните и национални интереси

– Прв се јави антизападниот пион Христијан Мицкоски. Мицкоски е очигледно фрустриран поради тоа што премиерот Зоран Заев жестоко ги брани државните и националните интереси, членството во ЕУ и НАТО, порача Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

– И тоа го прави секаде, и во јавните настапи и во телефонските разговори.

Оставка не поднесува оној којшто се бори државата да стане полноправна членка на НАТО, и да продолжат интеграциите во Европската унија.

Заканите од хибридни напади, лажни вести и манипулации се само затоа што сме посветени и стануваме 30 земја членка на НАТО.

Мицкоски треба да се засрами што им слугува на туѓите интереси, на они кои не сакаат нашата татковина да стане членка на НАТО и ЕУ.

Што се однесува до предвремените избори, Мицкоски исто вака лажно се силеше и пред претседателските избори, па доживеа пораз, порача Костадинов.