24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Акциска контрола на полицијата: Фрчат казни најмногу за овој прекршок

Во текот на изминатите денови (05, 06 и 07.07.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 130 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 137 возачи од кои: 51 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 74 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 16 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 60 возила од кои 59 бидејќи не биле регистрирани и едно поради претовар. Санкционирани се 17 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила на крстосница, 65 возачи на мотоцикли, 12 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 143 мандатни платни налози и 107 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.