Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

На Алјаска измерени рекордно високи температури

Температурата на меѓународниот аеродром во најголемиот град на Алјаска, Енкориџ, достигна рекордни 32,22 степени во четвртокот, на Денот на независноста на САД.

Највисоката температура во овој град претходно е измерена на 14 јуни 1969 година и изнесувала 29,44 степени, информира Боб Клеј од Националната метеоролошка служба.

Тој додаде дека просечната температура за јули во Енкориџ е 23,89 степени.

Како што пренесе „АП“ на три локации во Алјаска биле забележани во четвртокот рекордни температури, што експертите го препишуваат на климатските промени.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво ќе биде времето?

ДЕСК

Трагедија во Куманово: Младо момче загина во тешка сообраќајка, имаше само 21 година

ДЕСК