Освен редовно туширање има уште неколку работи до кои треба да се држите како би ја спречиле смрдеата од потта.
Лето е. Температурите од ден на ден се се` поголеми. Многу потите и не ви е пријатно поради тоа. Затоа ви ги препорачуваме овие пет „акции“ кои ќе ви помогнат да престанете да мислите на потење, дамки и смрдеа и да уживате во животот.
1. Секојдневното туширање е задолжително. Добро исушете го местото под пазувите бидејќи бактериите сакаат влажни и топли места.
2. Заборавете на синтетички ткаенини во кои кожата не дише, и носете облека од природни материјали.
3. Редовно отстранувајте ги влакната под пазувите.
4. Носете со себе влажни марами. Искористете ги за моментално освежување и решавање од непријатните миризби.
5. Сода бикарбоната е иделна против потење. Земете малку сода на влажни прсти и нанесете ја под пазувите. Потењето ќе престане.