23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Што ќе се случи со вашиот организам ако јадете лук и мед во исто време?

Природата може да ни ги пружа најдобрите природни лекови за многу болести, кои можат значително да го подобрат нашето здравје. Лукот еден е еден од најмоќните природни лекови, а може да застане рамо до рамо со некои од најдобрите антибиотици.

Лукот може да го заштити нашиот организам од бактерии и инфекции, но за да биде поефикасен, важно е да се конзумира на празен стомак. Научно истражување покажало дека вашиот организам ќе биде заштитен ако јадете лук наутро пред оброк, бидејќи со тоа ги зголемувате антибактериските својства.

Лукот има повеќе од 400 активни состојки, тој е извор на витамини (А, Б1 и Б2, Ц), минерали, влакна, аминокиселини, есенцијални масла, билни масти, ензими, железо, јод, калциум, селен, фосфор…

Силата на лукот и е позната на човештвото одамна, а неговите здравствени погодности се користат со векови. Ако се користи на редовна основа може да ја подобри циркулацијата на крвта, да ги отстрани маснотиите од нашто тело, да спречи срцеви заболувања и да го намали високиот крвен притисок. Се` на се, сигурно е дека лукот е најмоќен антиоксиданс, пишува Worldhealthinfo.

Најдобриот начин да конзумирате лук е без никаква подготовка, бидејќи неговата активна состојка се „деактивирана“ ако се изложи на топлина, пишува explorehealthyfood.

Исечете лук, оставете го 15 минути пред да го конзумирате на празен стомак, уште подобра комбинација е да го измешате со мед и така ќе се чувствувате енергични и здрави.