Неколку вагони од товарен воз излетале кај Куманово, за среќа повредeни нема. Како што информира полицијата, синоќа во 1:50 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Романовце, во близина на патниот премин кај селото Черкези, неколку вагони излетале до пругата. Товарниот воз сообраќал на релација железничка станица Табановце – железничка станица Трубарево.
Повредени лица нема и била причинета само материјална штета. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.