23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Перманентна (при)добивка

Најчесто кога во сферата на интернет просторот ќе продефилира некоја информација, па и, последователно декорирана преку „фејк њуз“ или класични небулози кои сами по себе ја доловуваат суштината на таа (не)вистина, со цел да ја маневрираат во просторот, а исходот да го очекуваат неминовно во корист за замислените (имагинарни) заложби со интенција за профитабилни цели или (при)добивки перманентно и умешно зацртаните цели да ги освојат на терен – таа одредена политичка “елита” или догматска структура која опстојува на политичката сцена надвор од идеолошките принципи, а внатре во опортунистички наклон.

Во современиот политички – општествен свет секоја доминантна номенклатура е одликувана и препознаена како негативен фактор кој влијае со целосна посветеност, апологетски врз другите индивидуи, опкружени и заведени од цврстата „психоза“ на владетелот кој манифестира без да избира механизми и методи за хипнотизирање и освојување на сите општествени пори во секојдневното опкружување.

Тезата „Сите се исти“ посебно ја доживуваат и ја прифаќаат категорија на луѓе кои парцијално учествувале во повеќете партиско – политички процеси воведувајќи ја својата наивност како предмет кој ќе ја извлечи гадотијата и препотетноста на приврзаниците кои им „мафтале“ за да ги придобијат. Всушност, тоа во континуитет е (при)добивка за истата клиентела која деноноќно врши ревидирање на своите послушници, занемарувајќи го фактот дека поистоветувањето на лојалноста и подаништвото немаат никаква допирна точка, белким тоа е и експлицитно ако размислуваш и резонираш со сопствена мисла. Во денешно време искажувањето на став повеќе го дефинираат како дрскост, наместо како храброст. За лага може секој да фантазира, за вистина навистина треба храброст.

Секој политичка структура е идентична, разликата е само во оперативноста и координативниот дел. Рефлектираше ли тоа апсурдно во намерите на хиерархиската поставеност на актуелната власт, па со силна доверба им даде повторно шанса на „непобедливите“ надевајќи дека ќе се промени пред се, климата и начинот на делување кој беше тотално латентен демонострираќи го од истата екипа каде што на кормилото беше самоволието, отфрлувајќи ги човечките морални ресурси кои се од голем и значаен интерес за општеството, бидејќи тие атрибути може да ги поседува само човек со интегритет и со авторитет. За определба и изградба на толерантно општество, не се потребни (при)добивки туку успешно имплементирање на визијата и мисија (во глобала) за колективното добро, кое поодамна морално тежнееше да се преточи од лично во колективно. (заборавен постулат, нели!?)

Општиот впечаток се однесуваше на маркантните личности кои смело се охрабриле без ветена ни трошка материјална поддршка, без никава помош од било која природа да допрат до целната публика, а јавноста да препознае во истите капацитет кој во иднина ќе биде доизграден – дооформен и канализиран во успешни кадри кој ќе бидат во интерес на граѓаните и целокупното општество.
Кога се функцинира технички во сооднос на политички, секој двигател на „авангардата“ пропаѓа што на извесен начин кадровската распределба станува, односно се преименува во технички сервис на нихилистичкиот пристап на „современата“ гарнитура која перманентно цели кон (при)добивките.

Колку и да остане човек индиферентен, таа флуктуација, еднодимензионална, е премногу дегутатна, а истите веќе преминуваат на профил на личности каде негативните оценки од севкупното дејствување им стануваат ирелевантни.

За современ и модерен концепт потребна е здрава и редовна промена. Билдање на его е демоде, но, сепак постои. Таквата недоследност и (не)слух од страна на повисокиот ешалон резултираше динамизирано и без никаков политички амбиент.

Што знам, можеби и не сме доволно созреани да ги поседуваме особините на принципиелната организација за доаѓање до израз на поквалитетните, контрадикторност = протекционирање на навидум (по)лојалните.

Западниот развиен свет со истакнати политиколози за современи трендови и правци секојдневно се бори против искоренување на бирократската опструкција, но кај нас тоа станува бренд, постојан, перзистентен, перманентен за (при)добивки.
Да, за тие добивки зборувам – материјалните!
Пишува, блог на Даниел Станојоски
27.06.2019
Демир Хисар