22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Рецепт за Цезар салата

Секој ресторан приготвува цезар салата со различен вкус. Gotvi.mk рецептот прочитајте го тука.

Потребни состојки:
1 пилешки стек, зелена салата, запечен леб или кубети, шери домати, пармезан, дресинг

Начин на готвење:
Пилешкиот стек се зачинува и се пропржува во тавче со масло за готвење. Пржете додека месото не добие румена боја. Месото исечете го на ленти.

Во истото тавче пропржете го лебот кој е претходно исечен на коцки. Пржете го со малку масло додека не добие румена боја и кора.

Зелената или ајсберг салата измијте ја и ситно исецкајте ја. Ставете ја во сад за сервирање.

Во садот додадете го пилешкото месо, лебот, шери доматите пресечени на половинки, како и тенко исечените парчиња пармезан.

Одозгора прелијте со дресинг сос.

На крајот ви нудиме и два предлог рецепти за подготовка на дресинг за оваа салата:

За дресинг сосот ви предлагаме два начина на подготовка: Билјана дресингот за цезар салата го прави мешајки ги следниве состојки: мајонез, сенф, сок од 1 лимон, маслиново масло и 1 чешне иситнет или истолчен лук.

Илија го прави неговиот дресинг за цезар салата од следните состојки: мајонез, сенф, јаболков оцет, пармезан, бибер, соја сос и сол

За да се разреди дресингот, по потреба може да се додаде вода.