9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Следува целосен успех во октомври и почеток на преговорите до крајот на годината

Интегрално го пренесуваме фејсбук статусот на премиерот Зоран Заев:

Со заклучоците на Советот на министрите од Луксембург добивме силно и недвосмислено признание за нашите достигнувања во изминатата година.

Добивме јасна потврда за реформите кои ги спроведовме и за сите резултати остварени на домашен план, но и пофалби за Договорите со Грција и Бугарија.

Тоа за нас и за граѓаните е многу значајно и ни укажува дека заедничките напори не беа попусто.

Исто така, со заклучоците на Советот ни е одредена точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа е не подоцна од октомври оваа година.

За нас беше клучно оваа одлука да биде донесена оваа година, а овој заклучок токму тоа го потврдува. Ние во меѓувреме продолжуваме со работа и реформи.

Нашиот резултат е одржлив и незапирлив. Продолжуваме со интензивните подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година.

Задоволни сме од денешниот заклучок, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се круниса со конечна одлука за почеток на преговорите и практичен почеток до крајот на годината.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК