7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски исто како Груевски сака да ја вовлече државата во изолација

ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, е иста како ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, констатираат од СДСМ.

Според владејачката партија, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што навиваат за неуспех и единствените што работат против интеграцијата во обид да ја вратат државата назад во, како што се вели, темното минато на изолација.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од напредокот од развојот и интеграцијата, на спротивната страна од граѓаните и нивните интереси. Затоа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени и на претседателските и на предвремените локални избори и затоа одново ќе бидат поразени“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ наведуваат дека граѓаните се определени за напредок, за иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го спречат остварувањето на стратешките цели.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК