Од понеделник МВР ќе почне со издавање на нови таблички со новата ознака “NMK”.
Новите таблички ќе имаат обврска да ги користат само граѓаните кои имаат потреба за тоа, а оние со старите ознаки ќе треба да залепат лепенка со новата ознака “NMK”
Претходно од МВР инаформираа дека се воведуваат и нови регистарски регионални таблички за градовите Демир Хисар и Крушево, а регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е ‘DH’, додека пак за регистарското подрачје Крушево.
Нема дополнителен трошок за граѓаните
Нема да има дополнителен трошок за граѓаните, со оглед дека новите таблички ќе се издаваат на ново-регистрирани возила, кои ионака би ги набавиле, додека сите граѓани кои поседуваат регистарски со досегашната ознака “МК”, ќе треба да постават налепница со ознаката “NMK”.
Истото ќе важи и за крушевските и демирхисарските возила кои досега ја користеле ознака BT која припаѓа на битолското подрачје. Ново-регистрираните возила кои имаат потреба од нови табли ќе добијат такви со ознаки DH односно KS, додека старите таблички и понатаму ќе си важат.