За да не се задржуваат токсини во крвта, треба повремено да се прави чистење.
Со задржувањето на токсини во крвта стануваме хронично уморни, чувствуваме надуеност и имаме проблеми со циркулацијата.
Овие тешкотии можат да се отстранат и со помош на едноставна напивка од вашата кујна. Се` што ви треба е лук и црно вино. Оваа лековита напивка ја чисти крвта, остранувајќи го вишокот масти и соли од организмот и го забрзува метаболизмот, објави Дневно.хр.
СОСТОЈКИ:
– 12 чешни лук
– половина литар црно вино (по можност домашно)
ПОДГОТОВКА:
Чешнињата лук исчистете ги, исечете ги на четвртини и ставете ги во тегла. Додајте половина литар црно вино и затворете ја теглата.
Држете ја на место каде што допира сончева светлина две недели. Секој ден неколку пати протресувајте ја теглата, за состојките да се измешаат.
По две недели, исцедете ја содржината и ставете ја во шише.
Земајте по едно кафено лажиче три пати дневно, во период од месец дена.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ова е силна напивка за чистење и зајакнување на крвта, па применувајте ја со пауза од 6 месеци меѓу два третмани.