За 26. издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“, што ќе се одржува од 5 до 7 септември годинава, доставени се рекорден број нови песни.
На конкурсот, распишан за нови композиции, доставени се безмалку двесте демо снимки.
Според зборовите на Григор Копров, уметничкиот директор на Фестивалот, импресивната бројка на пристигнати демо снимки го потврдува значењето и интересот за Фестивалот, создавајќи простор за исчекор кон квалитетот, како на песните, така и на Фестивалот.
„Квалитетот ќе биде наша определба за годинешното издание на ‘Охрид Фест – Охридски трубадури’“, истакнува Копров.
Годинава, согласно конкурсот, е овозможен и настап на двајца дебитанти кои ќе добијат можност за прв настап на фестивалската сцена.