24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Касами: Во Берлин не ја добивме посакуваната вест, Заев веднаш да ги распише ветените избори

Бидејќи денес во Берлин не се одржа ветувањето за почнување на преговорите со ЕУ овој месец, а и не се дадени гаранции дека датум може воопшто да се добие во текот на годинава, го охрабруваме премиерот да го одржи ветувањето и веднаш да распише предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на Движењето Беса, Билал Касами.

Тој додаде и дека по ваквите избори сигурно ќе дојде политичка елита што ќе обезбеди сигурна европска иднина и интегрирање на државата во Европската Унија.

„Северна Македонија треба да добие датум за преговори не поради неуспехот на Владата да ги аплицира очекуваните реформи, но поради убедувањето и определбата на сите граѓани на државата“, смета лидерот на Движењето Беса.