Министерството за внатрешни работи прими пријава и полицијата работи на случајот дознава Centar.mk, откако попладнево Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски беше избркан од ресторан во Прилеп.
Како што дознава Centar.mk полицијата веќе разговарала со сопственикот на посочениот ресторан и вработените.
Како што се дознава, познатиот македонски фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски заедно со родителите и роднини седнал на семеен ручек но бил избркан откако вработените ги слушнале дека зборуваат на албански јазик.Потоа им рекле да си одат од местото со образложение дека сите маси се резервирани и нема место во ресторанот во Прилеп.
– Доживеав да бидам непожелен во ресторанот во Прилеп, само затоа што заедно со моето семејство зборувавме на албански јазик. Јас сум репрезентативец на Македонија и давам се од себе на секој натпревар за оваа земја, искрено и од срце. Но, секако не гледам зошто немам право да зборувам со моето семејство на мојот мајчин јазик. Навистина се чувствувам многу посрамено – рекол Алиоски за Екипа.мк.
За ова со жестока реакција се јави и Мухамед Зекири од СДСМ:
-Срамота е најблагиот збор кој може да се каже по оној СКАНДАЛ што му се случил во Прилеп на нашиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиовски кој родум е од прилепско Црнилиште и кој на најдостоинствен можен начин ја претставува нашата земја во светот….
Популарниот Џани на кој му се поклонуваат во Англија каде ги брани боите на Лидс, замислете само затоа што зборел на својот мајчин албански јазик со своите родители, не му било дозволено да руча во својот роден град…
Има ли поголема СРАМОТА од ова???!!!
На секој натпревар за репрезентацијата гине на терен – и тоа зборува колку голем ЧОВЕК е ЕЗЏАН АЛИОВСКИ, а колку мали и НЕЛУЃЕ се оние кои денеска му го приредија скандалот во Прилеп!!!
Езџан и не само тој многу повеќе ја сакаат својата родна земја отколку ваквите квази патриотчиња и квази тврдокорни националисти.
ЗАСРАМЕТЕ СЕ!!!!, напиша Зекири.