23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВО ФОКУСОТМАКЕДОНИЈА

Планирате да летувате во Грција со свое возило?: Внимавајте да не ги направите овие прекршоци

Доколку планирате да летувате во Грција, користејќи ваше возило ова Ви се најпотребните информации за возење по патиштата на нашиот јужен сосед.

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час. На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час. На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км на час. За моторцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 100 ЕУР.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 100/112 Амбуланта 166 во Атина/ 112 Пожарна 199/112 Специјален број на туристичка полиција 171 ЕЛПА (инфо центар) 901 124 1600 ЕЛПА (аларм центар) 10400

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Грција не е потребна виза. Потребни се : Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило, ако возилото не е лична сопственост.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра) Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години, деца од 3 до 11 години, и пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки до 1,35 можат да користат ремени за возрасни Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди. Прва помош сет: задолжително ПП апарат: задолжително Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но препорачуваме./АМСМ