24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Три лица ќе одговараат за убиството на Бајрами Мевљудин, кој беше застрелан пред пет години во Арачиново

Обвинителството поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат за убиството што на 31 август во 2014 година се случи во куќа во Арачиново каде што живеел сега покојниот Бајрами Мевљудин и неговото семејство.

Обвинителството соопшти дека еден од обвинетите, со истрел од огнено оружје – пиштол, со умисла го лишил од живот Бајрами Мевљудин, а се обидел да убие и уште едно лице, брат на жртвата. Останатите двајца обвинети пукале кон мајката на жртвата и кон другиот брат, нанесувајќи им прострелни рани.

„Ценејќи дека и натаму постојат законските основи поради кои на тројцата обвинети им беше претходно определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Кривичниот суд достави и предлог за продолжување на оваа мерка за обвинетите. Притоа, како основ се наведува опасноста обвинетите да се дадат во бегство со цел да го избегнат кривичниот прогон, особено со оглед на тоа што тие не биле достапни на органите на прогонот речиси пет години по извршување на делото и беа лишени од слобода дури во април годинава“, се вели во соопштението на обвинителството.