Дињата е нискокалорично овошје кое изобилува со витамини и минерали и содржи голем процент вода, што ја прави идеално овошје за освежување за време на летните топли денови. но, најздравиот дел од дињата завршува во корпата за отпадоци, бидејќи го отстрануваме и фрламе.
Во Индија, семките од диња се најдрагоцен дел од ова овошје и се користат во секој дом.
По отстранувањето на средиштето на дињата, влакната заедно со семките се сушат на хартија, а по сушењето влакната се одвојуваат од семките. По овој процес потребно е добро да ги измиете семките под силен млаз вода, да ги исушите и да ги складирате.
Семките од диња се богати со протеини, омега-3 масни киселини, витамини и влакна. Според традиционалната идниска медицина, семките од диња имаат разладувачки ефект и се идеални за јадење на лето.
Во Индија, мелените семки од диња се додаваат во lassi (напивка од јогурт) и thandai (ладно млеко со зачини), а цели семки се додаваат во слатки и алва. Се додаваат во леб и пецива, но и во торти и колачи. Можат да се јадат како здрави грицки.