22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Русија и Саудиска Арабија не можат да ја усогласат цената на нафтата

Русија и Саудиска Арабија не можат да го усогласат мислењето за тоа колку треба да чини нафтата по барел, соопшти рускиот претседател Владимир Путин.

Додека официјален Ријад сака нафтата да биде поскапа, на Русија ѝ одговара цена меѓу 60 и 65 долари по барел.

Путин рекол дека неговата земја останува посветена на соработката со Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) во поглед на обемот на производството.

Според Путин, главните произведувачи на нафта мораат да го земат во предвид намаленото производство во Иран и Венецуела, како и проблемите во Либија и Нигерија, кога ќе ја одредуваат новата цена на нафтата и обемот на производството.

Претходно рускиот министер за енергетика, Александар Новак, соопшти дека обемот на производството на нафта во Русија оваа година нема да биде зголемен поради штетите на нафтоводот „Дружб