23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Лавицата Акети од Берлин пристигна во скопската зоолошка

Лавицата Акети од зоолошката во Берлин е нов жител во скопската зоолошка градина. 12-годишната лавица пристигна во Скопје пред шест денови и веќе се прилагодува на животот. За неколку месеци друштво ќе ѝ прави и лавот кој треба да пристигне од Софија.

Од ЗОО-Скопје велат дека лавицата е добиена поради соработката со Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА).

Во Скопје пристигнаа и четири ему птици бебиња кои од вработените ги добија имињата Теди, Ким, Бланка и Вили. Ему птицата потекнува од Австралија и е втора птица по големина во светот, веднаш по нојот.

Четирите ему ќе живеат во живеалиштето на кенгурите или реон во зоолошката познат како „Австралија“.