Мајката на свирепо убиениот Пино по кој се трагаше со месеци, денеска по исказот во Обвинителство рече дека не ја знае точната причина за убиството на нејзиното дете, но дека најверојатно се работи за љубомора.
-Уште не разговаравме за мотивот, љубомора, не би знаела друго зошто, рече Трпковска која со месеци го бараше синот и водеше борба со институциите.
За потсетување, министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава за две лица, осомничени дека го убиле Пинета Секондо.
(Видео 1ТВ)