23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Доаѓа нов циклон: УХМР издаде ново метео предупредување

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи (над 20 л/м2), грмежи, засилен ветер и појава на град, особено денес попладне и во недела, се вели во метео-предупредувањето издадено денеска од страна на УХМР.

Утре ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 02.06.2019
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 19°С до 26°C
Претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд проследени со грмежи. Локално во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и појава на град.

Прогноза за 03.06.2019
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 20°C до 27°C
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 04.06.2019
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 21°C до 27°C
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.