27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Советникот на Заев вчера водеше „Фолк фест“ во Валандово

Советникот на Зоран Заев кој зема 40.000 денари од граѓаните, од Буџетот на Република Македонија вчера го гледавме како водеше „Фолк фест“ во Валандово, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој рече дека граѓаните секојдневно плаќаат 850 евра за советниците на Зоран Заев.

Опозицијата обвини дека секогаш кога СДСМ се дограбува до власта ја тресат афери со влечење на пари од буџетот на сметка на развојот на стандардот за граѓаните.

„Секогаш кога СДСМ ќе се дограби до власт, парите на граѓаните завршуваат во џебови на партиски советници и на партиски апологети. Зоран Заев за две години набилда советничка листа чиишто состав претставуваат срам што ги надминува границите на Република Македонија. Додека земјата тоне во сиромаштија со економски параметри, меѓународни оценети со 0, Заев ангажира советници, посебни советници, надворешни советници за кои државата одвојува повеќе од половина милион евра годишно. ВМРО-ДПМНЕ и до сега укажуваше на составот и на бројноста на советниците ангажирани од Заев. Најголемиот број од оние 63 на Советничката листа на Заев по ниту еден критериум не би биле ангажирани од ниту еден нормален владин, премиерски кабинет“, рече Стоилковски.