23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ќе фрчат казни: 50 евра за секое непрописно паркирање, без разлика на која локација се наоѓа

Согласно Закон за комунални дејности и Одлука за комунален ред на Град Скопје член 25 и член 49, комуналните инспектори и комуналните редари ќе вршат засилени контроли и ќе бидат санкционирани сите возила кои се паркирани на јавна зелена површина како и на јавна површина.

На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, казната изнесува 50 евра-соопшти Инспекторат на Град Скопје.

Апелираат до сите возачи да се почитуваат сообраќајните знаци и да се грижиме за зелените површини.