24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Познато е кој ги објавувал прислушкуваните разговори

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во координација со јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот со пласирањето на снимки од прислушувани разговори преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Утврдено е кој стои зад профилот на ‘Фејсбук’ од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа ‘Фејсбук’, односно, надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис“, велат од МВР.

По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста.