СДСМ почна суштински и системски промени кои имаат за цел забрзување на напредокот на земјата и подобри услови во општеството, за подобар живот на сите граѓани. Одново СДСМ покажува дека ги слуша пораките од граѓаните, дека ги следи нивните потреби и дека е подготвена да се менува на подобро со цел уште подобро да им служи на граѓаните.
Тоа не е случај и со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски каде нема ниту најмал напор за промена, не постои ниту една идеја за нешто да се промени, соопшти владејачката партија.
Според СДСМ, денес ВМРО-ДПМНЕ е полоша од кога било. Покрај безидејноста, ВМРО-ДПМНЕ е целосно посветена на лажни вести, измислици и деструкција, а нивната единствена политичка агенда е одбрана на криминалот.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не нудат ништо за граѓаните, ништо што е во интерес на државата.
Со досегашното дејствување, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажаа дека остануваат посветени на спроведување на нарачките од нивниот почесен претседател, бегалецот во Будимпешта.
На државата ѝ е потребна конструктивна, стабилна опозиција која ќе се натпреварува со идеји, проекти и концепти, која ќе работи во интерес на граѓаните, на која државните интереси ќе ѝ бидат пред личните.Ништо од тоа денес не е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски загубија на претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеват и нема да успеат да го спречат напредокот и да ја вратат државата во темното минато на режимот”, се додава во соопштението.