15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Донев: Полесно е да се отстранат палмите во Охрид отколку стотици диви градби

Охрид и крајбрежјето на Охридското Езеро станаа место за несоодветна градба и урбано развивање, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој. Охрид стана синоним за дивоградби, обвини Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Тој праша зошто локалната власт и Георгиески дозволиле Охрид да биде на врвот на листата со дивоградби и зошто покрај рокот за легализација свесно дозволиле да се изградат стотици дивоградби и дали тоа е, како што кажа, фактурата за спроведениот изборен инженеринг?

„Зарем УНЕСКО требаше да Ви каже дека бетонската база е изградена во населено место на стотина метри од Охридското Езеро и од болницата Св. Еразмо Охридски? Но очигледно треба да Ви посочи некој дека оваа дивоградба е темпирана еколошка бомба и за езерото, и за животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот конечно се одважни да почне со исполнување на препораките од пред две години кои требаше до сега сите да се реализирани, од она што е напишано во последната точка и последниот ред во извештајот на УНЕСКО, а тоа се палмите“, рече Донев.

Се разбира, додаде тој, полесно е да се отстранат палмите отколку да се отстранат стотици диви градби од кои најголемиот број никнуваат токму последниве две години.

„За охриѓани, но и за туристите, ќе следат состаноци, одлуки, преговори и договори во врска со истите, но нема да следи и отстранување и конечно запирање со неконтролираното градење во Охрид. За УНЕСКО ваквите претстави повеќе не поминуваат. Господине Георгиески, Соберете храброст како татко на градот, одважете се и започнете со рушење на дивоградбите како што тоа го сторивте со палмите, и престанете со замајување на јавноста. Ако сте свесни за критиките на УНЕСКО, веднаш реагирајте“, порача Донев.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК