23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски од Македонски Брод: Овде луѓето не се ни надеваат на ветените 500 евра просечна плата, борбата е да се стигне до било каква плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод и се сретна со граѓани, членови и симпатизери на партијата.

„Денеска гледаме дека деспотот ќе ги распушти сите општински комитети, но не кажа што понатаму, а притоа заборава да каже дека општинските комитети не се виновни за тоа што тој се колнеше во дедовината, таковината, се колнеше во најмилото, дека нема да го направи тоашто го направи кога тргуваше со идентитетот на нацијата, со идентитетот на државата“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека СДСМ и Заев од опозиција ветуваа шестотини километри автопат, а денеска граѓаните се сведоци дека и она што го наследија од владата на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го пуштат во употреба, иако поминаа две години откако Зоран Заев е на власт.

„Македонски Брод е место каде луѓето можеби најсилно ја живеат сиромаштијата и уништената перспектива, која оваа власт ја донесе и продолжува да ја носи за секој еден човек. Нема ниту една нова инвестиција, нема ниту нешто што може да се протолкува како проект или мерка со која ќе им се помогне на граѓаните. Овде луѓето не се ни надеваат на ветените 500 евра просечна плата, во Македонски Брод борбата е да се стигне до било каква плата. А и оние 500 евра кои јавно премиерот Заев ги ветуваше се измама. Исто како што се измама и ветените 1500 евра плата за лекарите, субвенциите за земјоделците, враќањето на младите во државата“, истакана Мицкоски.

Тој од Македонски Брод порача дека изманикот којшто е носител и којшто треба да биде носител на операцијата „метла“ е Зоран Заев.