22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Македонскиот бренд „Леона“ претставен на “World of Private Label” – најголемиот саем за приватни трговски марки

Македонскиот бренд „Леона“, кој е препознатлив по своите слатки производи, вчера и завчера беше дел од „World of Private Label“, најголемиот саем за приватни трговски марки во светот. Компанијата ЛИОН од Свети Николе на настанот, кој се одржа во центарот RAI во Амстердам, ја претстави својата линија производи „Леона“ која се состои од чоколади, чоколадни кремови, бисквити, ситни колачи и бонбониери, како и новиот бренд на органски и здрави производи „FIT ME!“.

Целта на „World of Private Label“ е да се остварат контакти и да се поттикне соработка помеѓу производителите и трговските компании од целиот свет. На настанот, кој беше најмасовен до сега, учествува околу 2.700 компании од над 70 земји, а за два дена имаше рекордни 15.000 посетители.

Брендот Leona во своето портфолио има повеќе од 100 производи. Потврда за нивниот врвен квалитет се 20-годишната традиција, присуството на домашниот и на странските пазари и меѓународните сертификати за квалитет. Компанијата е наградена со златни медали на повеќе саемски манифестации. Постојаните вложувања и освојувањето нови пазари овозможија да стигне до годишно производство од 2.500 тони. ЛИОН Свети Николе е компанија со 100% македонски капитал и вработува 145 лица.

dav

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ: Дали линеарното зголемување од 1.000 денари во септември ќе го изеде инфлацијата и скапотијата?

ДЕСК

Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Владата ја засилуваат контролата

ДЕСК

ДОДЕКА ИНФЛАЦИЈАТА ГАЛОПИРА, ПАЃА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во јуни била 45.469 денари, помалку за околу 300 денари од претходниот месец

ДЕСК