11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Важна вест од МВР: Пронајдена е граната од минофрлач – Никако од 16 и 30 часот не се движете на патот помеѓу Долен и Среден Крушопек

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, особено жителите на селата Долен и Среден Крушопек, општина Сарај, дека во 16.30 часот ќе биде извршено уништување на неексплодирана граната од минофрлач 120 мм. Гранатата беше пронајдена денеска во дол покрај патот помеѓу селата Долен и Среден Крушопек.

Гранатата е активна и е без осигурувач на запалката. Поради тоа постои опасност за транспорт и гранатата ќе биде уништена на местото од Одделот за антитероризам.

Апелираме до граѓаните да се воздржат од движење на горенаведениот пат во наведеното време.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +