Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се бара притвор за дилерка на дрога од Куманово

Кумановското обвинителство поведе постапка против едно лице поради сомнение дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Вчера во својот дом во Куманово и во домот на својот невенчан сопруг осомничената неовластено, заради продажба, држела наркотична дрога марихуана со вкупна нето-маса од 322,6 грама и наркотична дрога хероин со нето-маса од 11,94 грама. Осомничената ги прибавила наркотичните дроги марихуана и хероин за натамашна продажба за чија цел поседувала и две дигитални ваги што при извршените претреси се пронајдени и одземени.

До основиот суд поднесен е предлог за определување мерка притвор за осомничената.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија

ДЕСК

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА: Сончево време до крајот на седмицата, но утрата кријат замка – Еве каде ќе има магла

ДЕСК

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.