24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Концерт на Лиза Џерард на 8 октомври во Македонската филхармонија

Австралиската пејачка Лиза Џерард на 8 октомври ќе одржи концерт во Македонската филхармонија. Билетите се пуштени во продажба, од кои првите 300 се по цена од 1.000 денари.

Лиза Џерард е родена и живее во Австралија, каде што и ја започнува својата кариера пред речиси 40 години. Прилично експерименталната пост панк музичка сцена на крајот на 70-ите во Мелбурн ја спојува со Brendan Perry, со кој во 1981 го создаваат уникатниот проект Dead Can Dance, кој опстојува и денес со неколку креативни прекини.

Во професионалната биографија на Лиза Џерард се впишани неколку соло проекти, како и музика за филм, на кои таа се потпишува и како авторка, но и како изведувачка. Така, за музиката за епскиот спектакл Гладијатор, таа и композиторот Ханц Цимер беа наградени со Златен глобус.

Лиза Џерард ќе настапи со женскиот хор од соседна Бугарија, добитничките на престижната Греми награда, The Mystery Of The Bulgarian Voices.