22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Енергетската независност во снабдувањето со гас важна за обезбедување конкурентност и економски развој

Во организација на Владата на Република Северна Македонија, АД Електрани на Северна Македонија, Амбасадата на САД и ЗИП Институтот се одржува вториот по ред Македонски енергетски форум 2019 на тема „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“ на кој врвни експерти, претставници на компании и од извршната власт дебатираат за важни теми од областа на енергетиката.

На вториот панел од првиот ден на Македонскиот енергетски форум се зборуваше на тема „Жените во енергетиката – можности ипредизвици за родова еднаквост, на која свои обраќања имаа Штефан Питер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН, Шенон Рањон шеф на одделот за политички и економски односи во Амбасадата на САД, Верица Узунова, Претседателка на Надзорен одбор на АД ЕСМ, Рим Хамдан, заменик генерална директорка на компанија за електродиструбија EDCO, Кралство Јордан, Ева Елерит, директорка на канцеларијата Фридрих Еберт.

„Да се биде жена инжињер е предизвик и потребно е да се има поддршка од семејството и упорност да се успее. Сакам да потенцирам фактот што жената инжинер иако има квалификации малку потешко напредува во однос на мажите, од причини што е жена. Неопходно е да ги отстраниме стереотипите и да дадеме поголема димензија на жената во општеството и уште од образовниот процес да работиме на еднаквите можности на мажите и жените“ рече Узунова.

Штефан Питер, Претседателот на управниот одбор на ЕВН зборуваше за тоа колку е важно да им се дадат еднакви шанси за напредок на жените во професии од областа на енергетиката, за тоа како компанијата ЕВН којашто ја менаџира води сметка за еднаквата застапеност и додаде дека секој еден родител посакува за својата ќерка убаво и доброплатено работно место кадешто ќе има услови за напредок во кариерата.

„Нашите енергетски компании ја разбираат потребата за се поголема инволвираност во овој сектор со оглед на тоа што денеска имаме панел посветен на оваа тема. Владите можат да придонесат да се зајакне родовиот биланс“ рече професорката на ФЕИТ, Христина Спасевска којашто го модерираше овој панел дискусија.

„Носителите на јавни политики и другите чинители треба да преземат мерки за намалување на јазот помеѓу еднаквоста на двата пола. Без учеството на жените во носењето на одлуките не може да се оќекува успех, Родовата еднаквост мора да се унапредува на сите нивоа“ рече Шенон Рањон, шеф на оделот за политички и економски односи во Амбасадата на САД.

Рим Хамдан, заменик генерална директорка на компанија за електродиструбија EDCO, од Кралството Јордан го сподели своето искуство како жена менаџерка на енергетска компанија и рече дека многу е важно да се користи потенцијалот на жените во професии кои традиционално се сметаат за машки професии.

„Потрено е да им дадете можности на сите за да го извлечете најдобриот потенцијал од секого без разлика на полот. Невладиниот сектор преку кампањи може да ја подигне свесноста за овие прашања, но исто така и преку образовниот систем може многу да се направи за подигнување на свесниста за родовата сензитивност“, рече Ева Елерит, директорка на канцеларијата Фридрих Еберт.