13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Собраниска делегација на студиска посета во Словенија

Делегација од Собранието ќе присуствува на студиска посета во Љубљана, Република Словенија, од денеска до 15 мај. Во делегацијата учествуваат претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска, и членот на Комисијата, Мирослав Јовановиќ.

Студиското патување за одржлива урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на градот Љубљана е организирано за парламентарци од Југоисточна Европа – регион Западен Балкан, а организиранo од страна на ГИЗ Отворен регионален фонд за ЈИЕ – Енергетска ефикасност, во име на Германското федерално Министерство за економска соработка и развој.

На отворањето се очекува воведно обраќање да имаат организаторите на студиското патување, Ањаж Плевнич и Владимир Бабич, како и градоначалникот на градот Љубљана, Зоран Јанковиќ. Исто така, се очекува учество да земат и Матик Сопотник од одделот за транспорт и Леа Рикато-Ружич, претставник од невладиниот сектор.

На вториот ден од студиската посета се очекува да се одржи состанок со Едвард Паулич, член на националното собрание, претседател на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање и Полона Демшар-Митрович, шеф на тимот за одржлива мобилност, на тема: „Национална поддршка за планирање одржлива мобилност“. Исто така, се очекува учество да земат и Лука Младенович и Јошт Шмајдек, претставник на компанија за јавен превоз во Љубљана.

Студиското патување е од големо значење бидејќи се очекува да се разменат искуства и практични примери во врска со одржливата урбана мобилност и планирање на сообраќајот по примерот на Љубљана.

Можеби ќе ве интересира

Царинска управа: На Ќафасан откриена пастрмка скриена во автомобил – во 2025 спречен шверц на вкупно 4 тони храна

ДЕСК

Мицкоски: Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат на дијалог, на компромис и заедништво

ДЕСК

ЖЕГА: Како да се заштитиме од пеколните горештини кои деновиве ќе достигнат и над 40°C

ДЕСК