Беровската полиција поднесе кривична пријава против 19-годишник од овој град поради постоење сомнение дека сторил кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.
Како што информираат од МВР, во периодот од 20 до 27 март годинава, 16-годишна малолетничка на својот инстаграм-профил во два наврата примила видеоснимка, фотографија и текст со непристојна содржина испратени од профил на пријавениот.