Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Во емисија во живо го прашаа Оливер Спасовски за вечерашната акција во Арачиново, а тој со одговор кој ги расчисти сите дилеми за активностите на МВР

Додека повеќе медиуми известуваат за акција на МВР во која се вршат претреси и апсења на повеќе локации во Скопје, гостин во емисијата Клик Плус на ТВ21 во живо беше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На прашањето од водителот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Клик Плус“ на ТВ21 околу информациите дека вечерва се случуваат претреси и апсења во околината на Арачиново рече- Се што има благовремено ќе биде информирана јавноста, и очекувајте и ако било што има или имало ќе биде информирана јавноста, меѓутоа не очекувајте дека акциите ќе ги правиме преку тв камери и екрани, потенцираше Спасовски.

Само за потсетување за време на владеењето на режимот, речиси сите поголеми акции на полицијата беа проследувани од страна на телевизиите и интернет медиумите. Тогашните провладини медиуми беа информирани на половина час или час пред акциите, за да ги спремат камерите и да се вклучат во живо, така беа извршени доста акции во кои беа апсени политичари, бизнисмени, граѓани… Денес тоа го нема. Полицијата ги спроведува акциите согласно своите надлежности, почитувајќи ја презумпцијата на невиност на осомничените.


фото, видео ТВ21

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК