Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зелено светло за предлог-законот за правосуден испит

Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор го разгледа и го поддржа новиот предлог-закон за правосуден испит.

Министерката за правда, Рената Дескоска, на денешната седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022 година) информираше дека на денешната, 134. седница на Владата и формално е донесена одлука со која премиерот Заев, на негова иницијатива, се повлекува од местото претседател на Советот и дека од денеска со седниците на Советот ќе претседава таа, како министерка за правда.

Во продолжение на седницата, министерката Дескоска ги информираше членовите на Советот дека Министерството за правда подготви нов предлог-закон за правосуден испит.Членовите на Советот ги поддржаа решенијата содржани во предлог-закон за правосуден испит.

На денешната седница на Советот се разгледуваа и резултатите од „пилотирањето на Матрицата за оценка на перформансите на Јавното обвинителство“.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.