23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Вториот круг донесе нерегуларности и злоупотреби на какви што се работи 364 дена претходно

По изборите, во Македонија има нова реалност, која покажува дека во над 40 општини и покрај сите притисоци, граѓаните се за опцијата за право и правда и проекти за опција што нуди проекти и развој, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, владејачкиот СДСМ е во паника и притоа ги злоупотребил сите правни институционални, но и вонинституционални средства.

„СДСМ на овие избори ги повторува сите нерегуларности што се јавуваат кога СДСМ организира избори, недостигаат ливчиња, се јавуваат повеќе ливчиња, односно полнети кутии, случаи на гласања за повеќе лица, недозволено агитирање, дури и меѓународните набљудувачи регистрираа поткуп на изборниот ден“, рече партискиот портпарол.

За наодамнешните претседателските избори, Стоилковски рече дека не се демократски, туку пример за ефикасно спроведен изборен инженеринг.

„ВМРО-ДМНЕ поднесе 12 приговори до ДИК, во кои повторно се констатирани нерегуларности исто како во првиот круг“, нагласи тој.

Според ВМРО-ДПМНЕ, овие претседателски избори ја покажале целата злоупотреба на државните институции и неспособноста на СДСМ да одржи фер и демократски избори.

„Изборите, ќе се послужам со зборови на Стево Пендаровски, искусен во изборни нерегуларности, нерегуларностите и инженерингот не се прават само на изборниот ден, туку на тоа се работи претходно 364 дена, се работи за системски нарушувања на изборниот процес. Токму тоа го покажа и вториот круг на претседателските избори“, рече Стоилковски.

Тој порача дека неговата партија очекува приговорите да бидат констатирани, а Јавното обвинителство да се одважи и да постапи во согласност со надлежноста за настани од вонредно значење, како што се изборите.