ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години ги игнорира младите и наместо студентски дом, изгради луксузен бел дворец за партиско седиште. Сега сериозно се инвестира во подобри услови во студентските домови, велат од владејачкиот СДСМ како реакција на изјавата на Јован Јаулески, кој обвини дека Владата нема издвоено ниту денар за студентските домови.
„Студентските домови ВМРО-ДПМНЕ ги остави во толку голема катастрофа, во огромни долгови, кои со години не биле сервисирани, само поради криминалните интереси на фамилијата, на која поважни ѝ беа спомениците од студентите“, се наведува во партиската реакција, во која се додава дека токму таквиот игнорантски однос кон младите резултирал со заминување на партијата во опозиција.
Од СДСМ нагласуваат дека Владата и надлежните институции сега покажуваат вистинска грижа за младите решавајќи ги проблемите оставени од ВМРО-ДПМНЕ.