Во 20.10 часот на регионален пат Тетово-село Јажинце, кај крстосницата за локалниот пат за село Лешок, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Даеву Тико“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Ш.И. од селото Добарце и патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот Р.М. од село Теарце.
Во незгодата Ш.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, а потоа бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид извршила екипа од СВР Тетово.