19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Охрид до 13.00 часот гласале 21,9 отсто, во Дебрца 23 проценти од граѓаните со право на глас

До 13.00 часот во Охрид гласале 21,95 отсто од лицата со право на глас, односно 11.456 гласачи, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија, Климент Камнароски.

Имено, во единствениот избирачки список со право на глас за избор на нов претседател на државата и нов градоначалник на Охрид се запишани 52.273, а во единствениот избирачки список за нов претседател за забележани 52.193 гласачи.

Според Камнаровски, изборниот процес во Охрид се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера, а до Комисијата досега не се пристигнати информации за изборни нерегуларности.

Непречено се одвива изборниот процес и во соседната Општина Дебрца, каде според ОИК до 13.00 часот на гласање излегле 995 лица или 23 отсто од граѓаните со право на глас.

Можеби ќе ве интересира

Ацевски го претстави тимот што ќе се бори за хуман развој на општина Ѓорче Петров

C +

СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР не ги штити животите на луѓето

C +

Два активни пожари во Гази Баба и Гевгелија, под контрола пожарот во „Дрисла“

C +