23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Заостанатите сметки за вода и смет може да се плаќаат без камата од 13 мај до 28 јуни

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека граѓаните на Скопје ќе можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата во периодот од 13 мај до 28 јуни.

„ЈП Водовод и канализација“ и ЈП „Комунална хигиена“ ги известуваат корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет, тужен и редовен, дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање, велат од „Водовод“.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во предвидениот рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.