10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Без струја делови на Кисела Вода, Ѓорче Петров, Сарај и Бутел

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците на Кисела Вода, Ѓорче Петров, Сарај и Бутел.

Во периодот од 10:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Радоја Дакиќ и Скендербег Кастриоти во населбата Драчево (општина Кисела Вода), во периодот од 9 до 15 часот корисниците од дел од село Кучково (општина Ѓорче Петров), во периодот од 9 до 13 часот корисниците од дел од селото Сарај на излезот кон селото Глумово, дел од Глумово и рестораните Кораби и Гајер (општина Сарај) и во периодот од 8 до 12 часот корисниците од ул. Иван Манолев и дел од улицата Рокомија (општина Бутел).

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +