1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето драстично се менува: УХМР со најнови прогнози

Утре ќе преовладува сончево време, попладне со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд. Преодно стабилизирање ќе има во петок, кога времето ќе биде умерено облачно и потопло.

Потоа, од сабота до вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.

Прогноза за 03.05.2019
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 19°С до 26°C
Сончево со умерена облачност и потопло со слаб до умерен југозападен ветер.

Прогноза за 04.05.2019
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 24°C
Променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.

Прогноза за 05.05.2019
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 16°C до 23°C
Променливо облачно со повремен локален дожд и со слаб до умерен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилување на ветерот.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +