Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Познат идентитетот за починатата – МВР со детали за предвелигденската трагична сообраќајка кај Тетово

На 27.04.2019 година во 18,55 часот било пријавено дека во Тетово кај кружниот тек од булеварот “Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици, управувано од З.С.(57) од Тетово, а сопатник била Д.С.(52) и патничко моторно возило “Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од И.Ј.(55) од с.Слатино, а сопатник била Ф.Ј.(56).

Со возило на Итна медицинска помош повредените лица биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош и кај З.С. од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, додека сопатничката Д.С. им подлегнала на повредите.

Кај возачот и сопатникот од возилото “Голф“ од страна на лекар констатирани биле телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Европа на удар: Кога ќе стаса најлошата зима во деценијата?

ДЕСК

Времето се стабилизира, температурите одат нагоре, најавена магла по котлините – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Бран физички напади во Скопје во една ноќ, полицијата со полни раце работа

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.