23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Марко отишол во Германија, се вратил разочаран: Живееш од плата до плата, си доаѓаш дома и пак на работа

Марко Багариќ од Томиславград, како и многумина негови врсници, по завршеното средно школо се упатил по парче леб во Германија.Иако, сите изгледи се дека Германија сепак не е ветена земја како што некои си замислуваат, туку е потребно многу да се работи.

И тоа често многу повеќе од БиХ или друга земја од регионот, пишува српски Дојче веле.

После половина година престој во Минхен, Марко сфатил дека таму за него немало среќа па се вратил во родниот град.Живееш работна недела од понеделник до петок асоциран само на работа, на доаѓање дома, на спиење и будење, и пак истото, пак на работа. Петок и сабота и недела излегуваш.

Но живееш од плата до плата-раскажал разочаран Марко.Сепак, му се допаднале некои работи.

-Со 20 години секој те смета за сериозен, никој не те вознемирува ако си ја гледаш работата како што треба- вели тоа момче.Младиот Марко во потрага по среќа во Минхен променил шест работни места.-Секогаш размислував да се вратам, на прошетка со мојот пес, ќе го видам својот рај, да можам да пијам кафе со моите.

Бев празен од внатре“, сфатил тој.По искуството во Германија, Марко заклучува:

-Овде имам добар татко и дедо. Имам се, „и ваму и таму можам нешто да остварам.

Тука сум се родил, мислам дека не треба повеќе да зборувам, зошто сум се вратил.

Останувам во БиХ, ќе се формирам како личност, ќе работам, што знам , задоволен сум со животот кој го

водам.https://www.facebook.com/dw.srpski/videos/10156120348468646/?t=0